Јамал последен се смее: Шпанецот одговори на провокацијата на Рабио! (ВИДЕО)
Пред денешниот дуел Рабио изрази сомнеж во тоа дека Јамал може да биде на врвно ниво на големи натпревари.
„Видовме дека располага со голем квалитет и знае да се носи со притисокот. Подготвен е да игра на високо ниво. Но полуфинале на големо натпреварување е нешто сосема друго. Исто така и ние ќе го ставиме под дополнителен притисок, нема да му дозволиме да биде комфорен и ќе му покажеме дека треба да понуди многу повеќе ако сака да игра финале“, рече Рабио пред мечот.
Јамал веднаш потоа објави енигматична порака на социјалните мрежи.
„Молчи и работи, зборувај само кога ќе дојде време да кажеш „шах-мат““, гласеше објавата на Јамал пред мечот.
А откако Шпанија победи, а Јамал даде гол и направи и повеќе од тоа што го правеше претходно, ја искористи можноста да му се насити на Рабио.
„Зборувај сега, зборувај сега“, викаше Јамал во камерата.