Франција го објави списокот со ѕвезди за ЛОИ во Париз

Кошаркарската репрезентација на Франција го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе настапат на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Париз.

Главна ѕвезда на тимот е Виктор Вембањама, а покрај него Франција има уште четири НБА-играчи, Руди Гобер, Билал Кулибали, Еван Фурние и Николас Батум.

Франција ќе одигра четири пријателски натпревари пред отворањето на турнирот на 26 јули.