Шпанија напаѓаше фуриозно, но наместо да ѝ даде гол на Грузија си постигна – автогол (ВИДЕО)
„Црвената фуријата“ почна фуриозно, имаше 90-отсто од поседот на топката, нападите се редеа во бранови, но грузискиот голман Мамардашвили имаше неколку одлични интервенции.
И кога сите очекуваа конечно да се затресе неговата мрежа, се случи сензација, со оглед што аутсајдерот вторпат кога премина на противничката половија постигна гол и тоа преку Шпанецот Робин Ле Норманд, кој реализира автогол со неспретна реакција по центаршут од десната страна. „Фуријата“, сепак, успеа да ја затресе грузиската мрежа и тоа преку Родри пред крајот на првото полувреме, кој изедначи на 1-1.