Аргентина победи и без Меси, Канада со реми до четвртфинале (ВИДЕО)
Канада иако не постигна гол, сепак оставаше впечаток дека го контролира натпреварот, а имаше и играч повеќе од 27. минута од натпреварот.
Аргентина продолжи да игра сигурно и славеше 2:0 против Перу, иако на теренот го немаше Лионел Меси кој заработи ситна повреда на претходниот натпревар.
Головите за Аргентина ги постигна Лаутаро Мартинез во второто полувреме. За издвојување од натпреварот е и промашениот пенал на Ленардо Паредес на 20-тина минути до крајот на средбата.
Aргентиците така групната фаза ја завршија со три победи во кои постигнаа пет гола, а не примија ниту еден.