Не стивнуваат критиките за српските фудбалери од јавните личности: Ве „заболе“ вас за репрезентацијата
Србија повторно е елиминирана уште во групната фаза на едно големо натпреварување, а на Мариќ не му се допаѓаат изјавите на фудбалерите и стручниот штаб по синоќешниот меч против Данска.
„Бадијала зборови и патетика. На поголемиот дел од вас ве 'заболе' за репрезентацијата“, напиша Мариќ на Твитер.
И неговиот колега Милан Калиниќ беше исклучително остар кон фудбалерите и кон селекторот Драган Стојковиќ.
„Не ни недостасуваше гол, туку шут кон голот. Ние, на натпреварот на кој мораме да победиме, немаме шут цело прво полувреме. Можно ли е договор да се продолжува пред Европско првенство? Тоа го прашав и пред почетокот, што ако дојде до катастрофален резултат, незадоволство кај народот, притисок... што било. И токму во таква ситуација се најдовме“, рече Калиниќ во телевизиско гостување.