„Сонував дека го тепам судијата кој ја елиминира Хрватска – тој врескаше, а јас го давев!“
Причина за ова е фактот што „аѕурите“ изедначија буквално во последните секунди, во последниот напад, што значеше и крај на надежите на „коцкестите“ за пласман во никаут фазата. Речиси и да нема Хрват кој не се пожали на одлуката Холанѓанецот, а најдалеку отиде поранешниот хрватски репрезентативец и селектор, Игор Штимац, кој даде скандалозна изјава.
„Би сакал што побрзо да го заборавиме овој судија. Не му го знам ни името, синоќа се разбудив испотен, сонував дека го тепам. Сонував дека тој вреска и се обидува да се ослободи од моите раце додека го давев. Бев толку депресивен и тажен поради тоа што ни го направи. Длабоко во ноќта размислував за него, но не сакам тоа да ми се случува во иднина“, изјави Штимац.
Хрватска освои само два бода во групната фаза поради што ќе биде една од двете селекции кои како третопласирани нема да се најдат во осминафиналето на континенталниот собир во Германија.