Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години претрпе пораз во денешниот натпревар против Црна Гора со 26-23.

Изрбаничките на селекторот Јанев по херојското реми со силната Португалија вчера денес одново одиграа солидно прво полувреме, но потоа следуваше пад во вториот дел кој резултираше со пораз.

Посебно одлична Македонија беше во почетните минути во кои поведе со 5-0 кога Црна Гора го постигна првиот гол на натпреварот. Тие пет разлика беа и највисоката предност до која Македонија дојде на оваа средба.

Во продолжение нашето темпо на игра опаѓаше, а Црна Гора полека резултатски се враќаше. На пауза заминавме со предност од два гола (10-12).

Со подобра игра продолжии Црна Гора и во вториот дел, па така набрзо дојде до првото водство (14-13) и од тој момент не ја испуштија предноста. Долго време се држевме на два-три гола разлика, но повеќе не можевме.

На крајот Црна Гора запиша триумф од од три гола разлика. Oвој пораз значи и дека Македонија ќе разигрува за место од 13. до 16. позиција на првенството.