Ѓорческа по голема борба и два тај-брејка загуби на стартот од квалификациите во Лондон!
Американката, која е за сто позиции подобро пласирана од Македонката на ВТА-листата, ја доби пресметката со 7-6, 7-6, односно во тај-брејк во двата сета, кои беа дијаметрално спротивни. Во првиот, тенисерките тешки го освојуваа својот сервис, па дури по трипати доаѓаа до брејк. Во вториот, пак, тие не направија ниту еден брејк, а имаше само две брејк-топки и тоа обете ги имаше нашата Лина во вториот гем. Таа не успеа да ја „скрши“ Викери, по што спаси дури пет меч топки, но не успеа да го стори тоа при шестата и тоа на сопствен сервис.
Ѓорческа за самиот настап во квалификациите за Вимблдон заработи 20.000 долари.