Словакот Шранц го сруши рекордот на Христо Стоичков на Европските првенства
Шранц со 30 години и 282 дена стана најстариот играч кој дебитирал на едно континентално натпреварувања и на тој начин го подобри рекордот на бугарската легенда Христо Стоичков. На Европското првенство Стоичков дебитираше во момент кога беше 156 дена помлад.
Стоичков беше прецизен во победата од 1:0 над Романија и ремито против Шпанија 1:1. Стрелец беше и во третиот натпревар од групата во поразот од Франција со 1:3.