ВАР му поништи два гола на Лукаку: Словачка ја шокира Белгија (ВИДЕО)
Доку направи голема грешка на почетокот на мечот кога во седмата минута им ја подари топката на ривалите, а Шранц ја затресе мрежата на Белгија за предност од 1-0 на Словачка.
Белгија во продолжение од средбата постојано се закануваше, а голем малер беше Лукаку бидејќи ВАР-технологијата му поништи два гола.
Лукаку погоди во 56. минута, меѓутоа видео-системот му го поништи погодокот поради офсајд, а потоа во 86. минута Белгиецот повторно стрелаше, но ВАР го поништи голот затоа што еден од неговите соиграчи играше со рака во текот на акцијата.
Претходно во групата Е, Романија ја прегази Украина со убедливи 3-0.
Slovakia 1 -0 Belgium pic.twitter.com/yiiy2hV5lq
— Extra Cover (@_extracover_) June 17, 2024
Lukaku has his second goal disallowed for this handball in the build up!🇧🇪
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) June 17, 2024
Slovakia remain 1-0 up🇸🇰 pic.twitter.com/5oasJxyX84