Вегхорст со голот против Полска испиша историја за Холандија
Со овој гол Вут Вегхорст освен што го покажа својот голгетерски инстикт и донесе победа за својата репрезентација, го запиша и своето име во историјата на репрезентацијата.
Имено, Вегхорст мрежата на Полска ја погоди по само две минути и 24 секунди откако влезе во игра и така стана резервен играч со најбрз гол досега во дресот на „лалињата.
Голот Вегхорст го постигна со својот прв допир со топката, а до завршувањето на средбата уште само пет пати ја допре топката.