Кратко траеше отпорот на Србите - Белингам ја круниса англиската надмоќ (ВИДЕО)
„Гордиот Албион“ имаше играчка надмоќ, го диктираше темпото, но голот падна од првата посериозна акција и шанса. Букајо Сака се проби од десната страна, нафрли пред голот, а таму осамен чекаше Џуд Белингам кој го совлада противничкиот голман.
До тој момент, Англија имаше дури 80% посед на топката, а српската репрезентација само неколку пати проигра подлабоко на противничката половина.