УЕФА отвори истрага против Албанија
Спорно за УЕФА е однесувањето на нивните навивачи пред, во текот и по натпреварот против Италија одигран вчера.
Албанците на теренот фрлаа разни предмети и палеа пиротехнички средства, а исто така и еден навивач влета на теренот.
Засега не е јасно каква казна ќе им биде изречена и колку таа ќе биде сериозна.