Ендика немал срцев удар, има една можна причина зошто колабирал!

Еван Ендика синоќа ги исплаши сите на стадионот во Удине откако падна без топка во 72. минута од мечот меѓу Удинезе и Рома, натпреварот беше прекинат.

24-годишниот дефанзивец на Рома ноќта ја помина во болница откако директно од стадионот во Удине беше префрлен таму.

Првите тестови потврдиле дека Ендика не добил срцев удар како што се претпоставуваше во прв момент.

Фудбалероте откако колабираше, кажа дека почувствувал болка во градите, па сомневањата беа дека се работи за срцев удар, но не било така.

„Газета дело Спорт“ објавува можна причина за колабирањето на Ендика. Тој во 38. минута имал дуел со Лоренцо Лука и добил удар во градите.

Овој удар му можеби му создал пулмонална компресија која довела до фибрилации, што предизвикало тој да почуватвува болки во градите и колапс подоцна во второто полувреме.

Иако ова сценарио е многу реално, оваа теорија уште не е потврдена, но ако е така, тоа се одлични вести и тој брзо би можел да се врати на теренот.