Историја и во машката одбојка: УГД Штип првпат триумфира во Купот на Македонија!
Претходно денеска дебитант победи и на женскиот куп-турнир и тоа тимот на Струмица, кој го совлада составот на Јанта Волеј (3-0). Машкото финале донесе далеку понеизвесна битка, во која победникот двапати се враќаше од негатива и на крајот собра сили за да го добие решавачкиот петти сет.
Извонреден настап имаа Задмард со 26 и Стефан Алексов со 21 поен, додека кај Струмица најефикасен беше Ом Хени со 28 поени.