Битолчани не ризикуваат: По двајца полицајци на еден навивач на МЗТ! (ФОТО)
Припадниците на „Фемили“ овој пат добија дозвола за влез во „Боро Чурлевски“, за разлика од полуфиналниот дуел со Работнички кога на двата тима не им беше дозволено да донесат свои фанови. Тие на своето место во салата беа пуштени пред крајот на првата четвртина, што беше проследено од бурна реакција на домашните навивачи.
Организаторот на куп-завршницата не сака никакви изненадувања и ризик од потенцијален инцидент, поради што направи двоен бедел околу аеродромци. Тие прво се заобиколени од обезбедувањето во салата, а потоа и од полицијата, па слободно може да се каже дека на еден навивач на МЗТ има двајца причадници на чуварите на редот и мирот, се со цел средбата да мине во најдобар ред.