Србија се збогува со Милојевиќ: Солзи и потресни говори на комеморацијата во Белград (ФОТО)
Дејан неочекувано замина во Солт Лејк Сити, пред натпреварот помеѓу Јута и и неговите „воини“, откако му се слошило за време на вечерата. Лекарите се бореа за неговиот живот, но не успеаја да му помогнат, па кошаркарскиот свет остана завиен во црно на 17 јануари оваа година. Денеска голем број пријателите и обожаватели се збогуваа од Милојевиќ и тоа на комеморацијата на која присуствуваа членови од неговото семејство, но и големи имиња на српската и светската кошарка како Светислав Пешиќ, Предраг Даниловиќ, Божидар Маљковиќ, Дејан Бодирога, Новица Величковиќ, Владе Ѓуровиќ, Душко Вујошевиќ, Марко Кешељ, Мишко Ражнатовиќ и други.
„Немаше никој што не го почитуваше Дејан, човек без ниту една дамка. Имав чест и задоволство да бидеме пријатели, иако не игравме заедно.Тој ги имаше сите доблести кои ги красеа легендите. Играчите и тренерите му веруваа бескрајно. Сите што го познаваа го сакаа лесно. Дали има поголемо признание од тоа да бидеш сакан на прв поглед? Тој беше вистински патриот, ја сакаше репрезентацијата и својата земја. На мое големо жалење нема да се случи да ја води репрезентацијата на големите натпреварувања како селектор “, изјави претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ.
На присутните емотивно им се обрати и неговиот менаџер, Мишко Ражњатовиќ.
„Иако поминаа три долги и тешки недели, се уште не успеав да прифатам дека ќе зборувам од ова место во тажна прилика. Во светот во кој живееме неправдите се очекувана појава. Заминувањето на Деки е најголема од нив.Тој беше еден од играчите кои ги претставував во изминатите 30 години. Се одликуваше со квалитетите кои ме натераа да го посакам покрај себе по кариерата и затоа стана тренер на Мега. Целиот спорт профитираше. Се што правеше беше на нетипичен начин - од неговото искуство на теренот, неговиот начин на комуникација и желбата за учење. Секој што го гледаше можеше да ја види енергијата со која работеше и насмевката со која работеше. Дејан Милојевиќ беше единствен и сигурно нема да биде заборавен“, изјави Ражнатовиќ.
Милојевиќ беше омилен лик во српската и регионалната кошарка. Поранешниот репрезентативен центар на Југославија го сакаше животот и спортот, а сите деловни предизвици во кариерата ги прифаќаше со широка насмевка. За тоа колку бил позитивен Дејан Милојевиќ најдобро говорат зборовите на големите НБА асови - тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, но и играчите Стеф Кари и Дрејмонд Грин, кои сакале да работат со него. Многу клубови се простија од Милојевиќ по неговата смрт - и оние за кои играше и оние за кои беше голем ривал на теренот. Никој од нив никогаш не се пожалил на однесувањето на Дејан Милојевиќ, голем спортист, кошаркар со најширока насмевка и човек во секоја смисла.