
Чешка избори четвртфинале, а Холандија ја исфрли Шпанија од СП
Шпанија не смееше да си дозволи пораз, па тргна добро и водеше со 4-2, но набрзо следеше голем пад во играта и Холандија го искористи тоа за да замина на паузата со 13-9.
Холандија во второто полувреме во еден момент стигна и до +11 (25-14), со што стана јасно дека се ближи крајот за ракометарките на Шпанија.
Чешка денеска загуби со 27-30 од Бразил, меѓутоа убедливиот пораз на Шпанија ѝ помогна да се пласира во четвртфиналето на СП.