Алкалоид без Серафимов ќе се соочи со Ла Риоха

Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид денеска игра против Ла Риоха во шестото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Ракометарите на Кире Лазаров ќе се обидат да ја запишат победа во групата Ф, откако претходно против Ла Риоха го освоија единствениот бод (29-29).

Лазаров ги избра ракометарите за натпреварот против шпанскиот ривал, кој се игра вечерва од 18.45 часот.