Варди промаши од пет метри, си удри бокс во глава, па даде два гола (ВИДЕО)
„Лисиците“ славеа со 2-0 и се вратија на победнички патеки по двата пораза во низа. Варди влезе во игра во 55. минута, а до крајот, целото внимание на теренот беше насочено кон него.
При резултат 0-0, напаѓачот имаше 100-процентна шанса откако доби топка на пет метри од голот на Ватфорд, но шутираше високо над него. Нервозен од таквото промашување, сам си удри бокс и тоа изгледа имаше влијание на него затоа што до крајот ги постигна двата гола за својот тим. Резултатот го отвори во 76. минута, а во судиското продолжение ги постави конечните 2-0.
Ова не е првпат Варди сам да си удира боксови, всушност тоа го прави доста често, а го направи и на мечот против Севиља кога Лестер играше во Лигата на шампионите.