
Како изгледал Синер кога Ѓоковиќ последен пат загуби во Дејвис купот... (ФОТО)
Последниот што го совлада беше аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и тоа Србинот тогаш го предаде мечот поради повреда. Оттогаш помина 4.451 ден иако е факт дека Ѓоковиќ во меѓувреме не беше редовен учесник на Дејвис куп настапите на својата репрезентација. Ако се земе предвид цел одигран натпревар, Ѓоковиќ последен пат е совладан од Рафаел Надал во март 2009 година (ден претходно загуби и од Давид Ферер).
Фантастичната серија ја прекина Италијанецот, Јаник Синер кој таа 2009 имал осум години.