Продолжи проклетството на Партизан во Љубљана
Откако клубот од Љубљана го смени името во 2019 година, за „црно-белите“ е вистинска енигма, а традицијата продолжи и по вечерашниот натпревар. Цедевита Олимпија славеше со 95-91, нанесувајќи му го на Партизан третиот пораз сезонава во АБА лигата, нешто што веројатно никој не очекуваше дека ќе се случува по само осум кола.
Уште еднаш до израз дојде катастрофалната одбрана на Партизан кој при сите три порази сезонава беше околу 90 примени поени: 88 од Мега, 91 од Игокеа и сега 95 од Цедевита Олимпија. По првото полувреме домаќините водеа со 51-50, израмнето беше до две минути пред крајот (87-87), а потоа Цедевита Олимпија погоди шест слободни фрлања по ред и дојде до победата.
За словенечкиот тим ова беше шеста победа во АБА лигата сезона, како резултат на што во моментов е пред својот денешен ривал.