Заниоло и Тонали плачејќи се бранеле: Игравме покер и блекџек, не се обложувавме на натпревари!

Тежок скандал ја тресе Италија, се води истрага против неколку фудбалери за обложување, едни од нив се и Сандро Тонали и Николо Заниоло.

Досега се знаат имињата на четворица играчи против кои се води истрага, тоа се Фаџоли, Тонали, Заниоло и Залевски.

За Заниоло се пишува дека тој огранизирал нелагални обложувања на фудбалери, а се вели дека се има обложено и на Рома додека бил во составот. Но, тој заедно со Тонали ги негирале обвиненијата.

„Игравме покер и блекџек, никогаш не сме се обложувале на фудбалски натпревари“, велеле Тонали и Заниоло со солзи во очите за весникот „Република“.

Разбирливи се нивните емоции во моментов бидејќи ако бидат прогласени за виновни, минималната казна е суспензија од три години.