Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена која вчера ја промовираше „фондацијата Новак Ѓоковиќ“ во Скопје со преубави спомени си замина од македонската престолнина со најава дека наскоро повторно ќе дојде во Македонија.

Јелена беше во Скопје на промоција на фондацијата и документарниот филм „Мудрост на траумата“, а после проекцијата и посетата на Македонија, го посочи преубавиот дочек во земјава.

„Преубави моменти со фондацијата во Скопје. Нѐ чуваа како охридски бисери! Ќе се вратиме по уште поголема доза на љубов, како за вас, така и за нас. Македонија, благодарам од срце за така убавиот дочек и љубов“, објави Јелена.

Ѓоковиќ неколкупати во минатото најавуваше дека сака да ја посети Македонија, да одигра меч и со нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски, па можно е следното доаѓање на Јелена да биде со својот сопруг, кој неодамна го освои 24-от гренслем во кариерата триумфирајќи на УС-опен.