Словенечки новинар мораше да се качи на куферче за да земе изјава од Борко! (ФОТО)

Во целата еуфорија која владееше во микс зоната по мечот Македонија - Црна Гора, еден детаљ благо не изнасмеа.

Колегата од словенечката ТВ се реши да му земе изјава на нашиот голман Борко Ристовски, но за тоа да го направи успешно, мораше да се качи на куферче, со цел да ја надополни разликата во сантиметри. Работата беше успешна, но доволна за голем сеир меѓу присутните новинари.

Туку, како ли ќе беше рецептот за „порамнување“, ако нашиот колега се решеше да им земе изјава на Талевски, Кузмановски или пак Јоновски...