Готово: Тео Ернандез заминува, Милан ќе добие 25 милиони евра

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез кариерата ја продолжува во редовите на Ал Хилал, потврди италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо со своето препознатливо „here we go“.

Милан и саудискиот клуб се договориле за сума од 25 милиони евра, додека детали околу личните услови на фудбалерот засега не се откриваат.

Eрнандез италијанскиот гигант го напушта по шест години откако претходно пристигна во Милано во 2019 година од редовите на Реал Мадрид.

Низ кариерата францускиот лев бек беше дел уште од Атлетико Мадрид, Алвес и Реал Сосиедад.

Во Ал Хилал ќе соработува со Симоне Инзаги кој до завршувањето на изминатата сезона го предводеше градскиот ривал на „росонерите“, Интер.