
Шпанките првпат во историјата станаа светски шампионки во фудбал!
Јунак во таборот на „фуријата“ беше капитенот Олга Кармона, која го постигна победничкиот погодок уште во 29. минута. Шпанките имаа шанса да ја зголемат предноста на крајот од првото полувреме, а беа поагресивни и во продолжението, но не успеаја да реализираат неколку шанси за зголемување на предноста. Тоа можеа да го направат и во 70. минута, кога им беше досуден пенал по играњето со рака во шеснаесетникот на Кира Волш, но англиската голманка, Мери Ерпс, го одбрани ударот на Џенифер Хермосо и ја одржа Англија во живот. Англичанките потоа го зголемија притисокот, но безуспешно.
Шпанките првпат во историјата стигнаа до титулата светски првак, откако во изминатите осум натпреварувања најуспешни беа фудбалерките на САД со четири светски титули - во 1991, 1999, 2015 и 2019 година. Германките победија двапати, во 2003 и 2007 година, Норвежанките еднаш во 1995 година и Јапонките во 2011 година. Во мечот за бронза, Шведска во саботата во Бризбејн ја победи Австралија со 2-0.