УЕФА (ќе) им забрани на „Шверцери“ да патуваат во Софија за да нема – војна!
Причина за ова се инцидентите што се случија пред и за време на синоќешниот прв натпревар на „Тодор Проески“, кога гостинските навивачи прво беа нападнати во Чаир каде што со ноже беше избоден еден нивни член, за потоа тие да влезат во конфликт со македонската полиција на трибините на стадионот.
Епилогот на сето ова беше дваесетина приведени Бугари и еден хоспитализиран, што донесе револт на социјалните мрежи кај нашиот источен сосед и закани за одмазда во реваншот. За да се спречи било каква можност за крвопролевање, УЕФА се очекува на почетокот од следната недела да донесе официјална одлука за забрана за патување на популарните „Шверцери“ во Софија или на било кои други фанови на Шкупи во некаква организирана форма.