Фратези се договори со Интер, Холанѓанецот Рејндерс на чекор до Милан
Според последните информации од Италија денеска, Фратези постигнал договор со Интер за да ги засили „нетаѕурите“, иако уште неколку други италијански клубови го бркаа како Милан и Рома, а сезонава тој ќе игра на заем со задолжителен откуп идното лето за 25 милиони евра, а плус Сасуоло ќе го добие во замена Самуеле Мулатиери.
Фратези беше огромна желба на Интер откако си замина Хрватот Марцело Брозовиќ во Саудиска Арабија.
Од друга страна, Милан е на чекор да го земе Рејндерс од АЗ Алкмар и веќе е испратена понудата од 19 милиони евра, а фудбалерот е расположен да дојде гледајќи нов поголем предизвик во неговата кариера.
АЗ бара 20 милиони евра, но според информациите преговорите се практично во завршна фаза и само ситни детали недостигаат за двата клуба да си пружат рака.