
Гвардиола: Секој што сака да е европски првак мора прво да го победи Реал Мадрид!
Сити го помина Баерн Минхен со вкупни 4-1, па Пеп Гвардиола порача дека секој што е желен да ги грабне „големите уши“ во некоја фаза ќе мора да го помине Реал Мадрид.
„Ова е чувство, ама и реалност. Секој што сака да ја освои европската титула прво мора да го мине Реал Мадрид. Ако сакате да бидете европски првак треба да се бидете Реал. Порано беше Барса, сега е Реал. Секако дека сум задоволен за три полуфиналиња по ред, сега имаме поголемо искуство, фудбалерите чувствуваат дека можат и сакаат да го направат најдоброто“, рече Гвардиола.