
Сабаленка ја победи Рибакина и ја освои својата прва грен-слем титула
Сабаленка и Рибакина одиграа фантастично женско финале на Австралија опен кое го доби белоруската тенисерка со 2-1 во сетови.
Рибакина почна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но Сабаленка возврати па следниот го доби таа со 6-3.
Во третиот решавачки сет, Сабаленка беше подобра со 6-4 и го доби мечот со 2-1 во сетови, за нејзината прва грен-слем титула во кариерата.