Бенфика ќе го награди Енцо Фернандез што не замина во Челси со – два милиони евра

Португалскиот великан Бенфика ќе му даде богат бонус на најдобриот млад фудбалер на светот, Аргентинецот Енцо Фернандез, за тоа што остана во Лисабон и не направи трансфер во лондонски Челси, најави португалскиот весник „Рекорд“.

Според весникот, Бенфика на својот фудбалер за врска ќе му даде премија од два милиони евра, иако имаше договорен трансфер во Челси за плата од 10 милиони евра по сезона, но лондончани не успеаа да се договорат со „орлите“ за трансферот и португалскиот клуб бараше чисти 120 милиони евра.

Шансата за Фернандез да замине на „Стемфорд бриџ“ останува само во еден услов, ако Челси во следниве пет дена ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра. Претходно Челси понуди 85 милиони евра за трансфер, ги договори сите услови со Аргентинецот, но Бенфика не ја прифати понудата.

Фернандез дојде во Бенфика од Ривер Плејт за 16 милиони евра и блесна на СП во Катар, па после освоената светска титула со „гаучосите“, беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Мундијалот.