
Адеми инсистира да замине од Динамо, Адана испратила официјална понуда!
Оваа информација денеска ја објави еден од најпознатите турски новинари Јагиз Сабунчоглу, без детали колкава е понудата за Адеми која треба да ги задоволи „модрите“ во Загреб, но засега како стојат работите тешко дека трансфер ќе се реализира, зашто Динамо не сака да го продаде својот капитен.
Адеми во понеделникот бил на разговори со клупската управа, на која им претставил дека има две понуди и се шпекулира дека едната е од шпанска Валенсија, но во клубот му рекле дека не е на трансфер-листа и не е на продажба, патем најавувајќи дека ќе му дадат нов договор.
Како што објави „24 сата“, Адеми инсистира да направи трансфер и тоа му го кажал и на тренерот Анте Чачиќ, кој од неодамна е и спортски директор
Адана Демирспор е клуб каде член е младиот македонски дефанзивец и доскорешен младински репрезентативец Јован Манев, кој летоска дојде за пола милион евра од штипска Брегалница.
И после сето ова се крена прашина на „Максимир“ околу Адеми, кој наводно бил лут што верувањето за трансфер во странство клубот не го исполнил, а патем му е преку глава од „дворските игри за превласт во клубот“. Вчера Чачиќ за да ја смири ситуацијата ги однел фудбалерите во ресторан на „тим-билдинг“, но останува отворено прашањето дали ќе се случи трансфер на Адеми до крај на преодниот рок.