Шокантни сцени на НФЛ меч, млад играч доживеа срцев удар - го оживуваа на терен (ФОТО)
Дамар Хамилн паднал за време на мечот, по што медицинските лица брзо влегле во теренот и започнале интервенција за негова реанимација.
По лекарската интервенција, Хамлин со брза помош бил префрлен во болница. НФЛ подоцна објави дека натпреварот е одложен.
„Дамар Хамлин претрпе срцев удар по погодокот на нашиот натпревар против Бенгалс. По реанимацијата на теренот, срцето повторно почна да му чука и префрлен е во медицински центар на понатамошни прегледи и лечење. Во моментов е под седативи и се наоѓа во критична состојба“, соопштија од клубот.