Откриен нов скандал на СП - домаќинот пушта луѓе без влезници за стадионите да не бидат празни! (ВИДЕО)
Домаќинот на Светското првенство, Катар низ текот на натпреварувањето го следат скандали кои се нетипични за останатите организатори досега.
Иако на почетокот стадионите беа полу-празни, беше пријавувано дека тие се максимално полни, бројките беа поголеми и од капацитетот на стадионите.
Подоцна стадионите почнаа да се полнат повеќе, а „Ла Медиа Инглеза“ откри зошто е тоа така.
Тие направија прилог од кој се гледа дека навивачи се пуштаат на стадионите без да имаат влезници. Катар и ФИФА не сакаат да дозволат да се гледа како стадионите зјаат полу-празни, па сега може да се влезе и без билет.