Голден Арт подобар од Радовиш, Шилегов постигна 14 голови

Ракометарите на Голден Арт триумфираа против Радовиш со 29-25 во рамки на 12. коло од ракометната Суперлига, а најефикасен на теренот беше Мице Шилегов со 14 голови.

Првото полувреме беше израмнето и ниту еден тим не успеа да ја преземе контролата врз резултатот, па на паузата со водство од 15-14 заминаа гостите.

Радовиш одлично се држеше и на стартот на вториот дел, но сепак домаќините заиграа подобро во одбраната и по неколку контра-напади стигнаа до предност од 26-22, по што без многу драма ја обезбедија победата.

Шилегов постигна 14 голови во победата на Голден Арт, а Постолов запиша осум погодоци за Радовиш.