Згодната Дуа Липа ги откачи шеиците за СП во Катар

Една од најпопуларните пејачки во моментов, Дуа Липа кажа дека нема да биде дел од Светското првенство (СП) во Катар, кое ќе почне за неколку дена, иако се очекуваше таа да биде главна ѕвезда на отворањето.

Пејачката, која пред неколку години се поврзуваше со афера со Марко Асенсио, ги откачи шеиците за Мундијалот и кажа дека за Англија ќе навива од нејзиниот дом.

„Во моментов има многу шпекулации дека ќе настапам на отворањето на Мундијалот. Јас никогаш не сум била вклучена во преговори за тоа. Ќе навивам за Англија од дома, а Катар ќе го посетам кога ќе ги исполни сите обврски за човековите права“, вели пејачката.

Мундијалот во Катар почнува на 20 ноември од 17 часот со дуел меѓу домаќинот и репрезентацијата на Еквадор.