Судија во Аргентина доби шипка во глава, мечот беше прекинат! (ВИДЕО)

Голем скандал се случи на натпревар од Аргентина, поточно на мечот од Апертура меѓу Годој Круз и Тељерес кој не го дочека крајот.

Резултатот уште беше 0-0 кога помошникот судија беше погоден со метална шипка во глава од страна на навивачите. Крвареше, му беше укажана лекарска помош по што му беше санирана повредата.

Сепак, главниот судија не дозволи да продолжи натпреварот, тој одлучи да го прекине натпреварот. Одлука која беше исправна.