Наполи на пат кон нов триумф: Елмас ја стресе Аталанта среде Бергамо (ВИДЕО)

Наполи води со 2-1 на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во 35. минута од средбата.

Аталанта тргна со гол од пенал на Лукман во 19. минута, но Наполи веднаш го возврати ударот, и тоа најпрво преку Осимен во 23. минута, а подоцна и Елмас стрелаше за целосен пресврт.