
Словенија е седма на Мундобаскетот, Дончиќ за малку до трипл-дабл
Лука Дончиќ кој за малку не дојде до трипл-дабл, остварувајќи 29 поени, 10 скока и осум асистенции ја предводеше Словенија, но НБА-ѕвездата имаше и девет загубени топки. Словенците во последните 40 секунди успеаа да дадат шест поени за да го свртат резултатот и да триумфираат.
Мајк Тоби додаде 12 поени, а Зоран Драгиќ погоди десет поени како поддршка за Дончиќ, додека кај Италија, Марко Спису со 22 и Ахил Полонара со 13 поени и седум скока беа најзабележителни во поразениот тим.