
Њукасл освои три златни бода, Челси си ја искомплицира борбата за ЛШ (ВИДЕО)
Мрежата на Челси се затресе уште во втората минута, кога Сандро Тонали постигна гол за водство на Њукасл од 1-0, по што дополнителен проблем за гостите од Лондон беше црвениот картон на Николас Џексон.
Челси се обидуваше во второто полувреме со играч помалку да стигне до израмнување, но не им успеа, по што Бруно Гимараеш со прекрасен удар ја затресе мрежата на Роберт Санчез за триумф од 2-0.
Њукасл има 66 бодови на третата позиција, додека Челси останува на петто место со 63 поени, колку што има и Астон Вила, а веднаш зад нив е Нотингем Форест со 61 бод, но и одигран еден меч помалку од ривалите.
Standings provided by Sofascore
Фото: EPA PHOTO