Саутемптон се мајтапи со Манчестер сити: Освоивме бод, а не ни игравме (ФОТО)

Манчестер сити освои само бод против Саутемптон во 36. коло од Премиерлигата, по што Рубен Дијаш кажа дека нивниот ривал воопшто не сакал да игра на теренот за да победи, туку да го одбрани резултатот.

Саутемптон, кој од следната сезона ќе игра во понизок ранг, веднаш реши да му одговори на Дијаш преку социјалните мрежи и да се пошегува со неговата изјава.

„Освоивме бод, а не ни игравме“, објави Саутемптон.

Фото: Facebook/Southampton FC