Ужас во Франција: Загина кошаркар на Монако, а повредени се тренерот и уште тројца играчи!

Францускиот клуб Монако објави дека млад кошаркар го загубил животот, а тренерот и уште тројца играчи се повредени во сообраќајна незгода која се случила минатата ноќ.

Несреќата се случила за време на враќањето на „Б“-тимот на Монако од гостински натпревар, а причината за сообраќајката е тоа што заспал возачот на минибусот.

„Монако ја потврдува трагичната несреќа која се случи додека Б-тимот се враќаше од натпревар. Еден играч го загуби животот, а пет лица се повредени (тренерот, тројца кошаркари и возачот“.

Фото: AS Monaco Basket