Нов „ѕвер“ во колекцијата: Халанд си купи автомобил од 380.000 евра (ВИДЕО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд повторно привлече внимание надвор од фудбалските терени, откако се појави во „Ферари 812“, чија вредност изнесува 380.000 евра.

Ова е трет автомобил кој го купи Халанд од почетокот на годината откако го продолжи договорот со Манчестер сити, а вкупно има осум во својата колекција.

Халанд во јануари потпиша договор според кој заработува околу 600.000 евра недела.

Фото: Facebook/Manchester City