
Фудбалерите на Партизан беа бесни по елиминацијата од АЕК, судијата ги смируваше со - црвени картони! (ВИДЕО)
АЕК Ларнака во Белград допатува со предност од 1-0 обезбедена на првиот меч кој се одигра на Кипар.
Партизан поведе со гол на Угрешиќ во 69. минута и го израмни конечниот резултат на 1-1. А во 90. минута АЕК промаши пенал преку Ангиелски за во регуларниот тек да обезбеди севкупна победа.
Психолошката предност беше на страната на партизановци во судиските продолженија, но Донс во 104. минута изедначи на 1-1. Партизан не се предаде и во 118. минута погоди за 2-1. Конечниот резултат беше 2-2, па пеналите решаваа.
Во нив кипарскиот тим беше подобар со 6-5 и обезбеди пласман понатаму, а Партизан ќе се префрли во квалификациите од Конференциската лига.
По мечот фудбалерите на Партизан сметаа дека последниот пенал бил нерегуларно изведен, па се создаде тензија на теренот која судијата ја решаваше со црвени картони, подели неколку.