Алкалоид ако го мине Хановер ќе игра против Данци, Словаци и Швеѓани!

Екипата на Алкалоид ги дозна можните ривали во групната фаза од Европската лига, против кои би ги одмерил силите само во случај да излезе како подобар во квлаификацискиот двомеч со германски Хановер.

Во случај „фармацевтите“ да направат чудо и да го елиминираат најсилниот ривал во оваа фаза од натпреварувањето би се нашле во група со Фредериција (Данска), Татран Прешов (Словачка) и со подобриот од шведскиот квалификациски дуел помеѓу Савехоф и Малме.

Алкалоид квалификациските дуели ќе ги играна крајот од август и во септмеври, додека групната фаза во ЕЛ почнува кон средината на октомври.