
„Фудбалер од класата на Модриќ во Серија А може да одигра 40 меча со цигара во устата“
Модриќ е на залезот од својата кариера, па чести се полемиките дали тој би можел да му биде корисен на Милан или одлуката на росонерите е лоша.
„Во Италија фудбалер од неговата класа може да одигра 40 натпревари со цигара во устата“, рече Виери и додаде:
„Модриќ ќе им покаже на младите играчи најдобар пат да станат вистински фудбалери. Тој може да го крене професионализмот и психолошката сила на цел тим“.
Со Бобо Виери се сложува и Марко Матераци кој исто така смета дека Модриќ ќе биде добро засилување за Милан.
„Модриќ во Милан мислам дека е многу добро засилување. Без разлика на годините тој знае што да направи со топката во секоја ситуација“.