Енрике има прогноза за „Ел Класико“: Барселона ќе слави со 3-0!

Актуелниот тренер на ПСЖ, Луис Енрике го кажа својот фаворит во „Ел Класико“ кое е закажано за денеска, а тоа е неговиот поранешен клуб Барселона.

Енрике смета дека каталонскиот гигант ќе запише лесна победа против вечниот ривал, односно ќе слави со 3-0.

„Како ќе заврши дербито? 3-0 за Барселона. Мило ми е што ја тренирав Барселона. Ќе беше многу емотивно ако се сретнев со нив во финале на Лига на шампиони“, кажа Енрике.

Барселона се наоѓа на првата позиција со 79 бодови по 34 одиграни меча, додека Реал Мадрид е втор со четири поени помалку од вечниот ривал.