
Поради елиминација од плејофот: Хулиган го претепал најдобриот кошаркар на Рајковиќ!
Инцидентот се случил неколку часа по поразот на ЦСКА Москва за која настапува во полуфиналната „мајсторка“ на домашен терен против Локомотив Кубан што значеше и шокантна елиминација од плејофот во ВТБ. Неофицијално, токму тоа е причината за ќотекот кој го „изел“ кошаркарот на нашиот Емил Рајковиќ.
„Алексеј Швед синоќа беше нападнат од хулиган во ресторан во Москва. Кошаркарот има сериозни повреди на главата и со потрес на мозокот е одведен в болница. Полицијата веќе отвори истрага за случајот, а Швед даде изјава. Поради повредите, тој нема да игра на претстојните натпревари на својот тим“, се вели во соопштението од ЦСКА.
Московјани ги очекува серијата за третото место во ВТБ-лигата против поразениот од „мајсторката“ меѓу Уникс и Зенит, која се игра денеска.