
Пет добри минути, доволни за младинците да ја растурат Албанија
Нашите кошаркари ја совладаа Албанија со 84-74 и поради претходниот триумф против Грузија, завршија како првопласирани во мини-лигата, па утре против Словачка ќе играат за 17. место на шампионатот. Утринава не блескаа, но доволни им беа неколку добри минути за да дојдат до триумф против селекцијата која очигледно е далеку назад според квалитетот.
Откако првото полувреме беше главно израмнето, клучен беше периодот меѓу третата и последната четвртина. Во вкупно пет минути, нашите кошаркари направија серија од 21-5 и од негатива од три разлика, поведоа со огромни 71-58 кои потоа ги сочуваа до крајот.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Павел Иванов кој постигна 21 поен, Стојковиќ додаде 15, а Кечовски 12.